Кригла Пиво

Кригла за пиво со копче за правење на пена

Ви недостига пена во криглата со пиво? Се чини дека „Brando“ од Хонг Конг имаат решение за тоа и со само едно копче можете да имате скоро пола кригла со пена, доколку може да му се верува на промотивното видео и описот што е поставен на интернет. Криглата чини $22.50, а испораката до било која земја вклучувајќи ја и Македонија е плус 3 долари. При правењето на пена не се користи батерија.

Доколку си порачате ваква кригла и ја тестирате лично, очекуваме да ни се пофалите и да споделите мислење. Ние немаме баш потреба од ваков „гаџет“ засега.

Објавено на 21.06.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар