Кригла Пиво

Кригла пиво пирамида [инфографик]

Иако не веруваме дека луѓето што пијат пиво ги интересира колку калории и јагленохидрати внесуваат, решивме да споделиме еден инфографик направен за американскиот пазар од страна на HellaWella.com, веб страна за здрав живот.  На горниот дел од пирамидата, односно „Beeramid“ се пивата со најмалку калории, јагленохидрати и воглавно со помал процент на алкохол.

Според пирамидата, најмалку калорично, а со тоа и најздраво пиво е Select 55, еден од брендовите на Budweiser кој името го добил по бројот на калории што ги содржи. На дното од пирамидата се наоѓаат брендови како: Samuel Adams, Blue Moon, Stella Artois или Arrogant Bastard Ale.

За подобар преглед, клик на инфографикот:

Објавено на 19.03.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар