Кригла Пиво

Креативниот билборд на Newcastle Brown Ale

Креативниот билборд на Newcastle Brown AleПродолжуваме со серијата за креативни пивски билборди. Како дел од кампањата на Newcastle Brown Ale беше поставен и овај билборд односно еден вид на уметничка инсталација во Gaslamp – област која важи за срцето на клупскиот живот во Сан Диего. Користејќи само еден светлосен извор и 3.000 пивски капачиња од Newcastle Brown Ale, двајца добро познати уметници од Њујорк, Ellis Gallagher и Pablo Power направија сенка од човечко лице со испружена рака која се обидува да дофати чаша полна со пиво.

Инсталацијата има за цел визуелно да го поддржи слоганот на ова пиво „Taste the lighter side of dark“ односно да го прикаже контрастот помеѓу темната боја на пивото и „мекиот“ вкус. Кампањата е дело на рекламната агенција Vitro.

Во продолжение и видео од подготвувањето на инсталацијата:

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар