Кригла Пиво

Колачи – Пивки

Магдалена Јовеска Октомври 19, 2012 Кригла Храна Нема коментари

Во чест на традиционалните рецепти и јадења со пиво, оваа недела одбравме добро познат рецепт за колачи, наречени пивки. Верувајте ни дека се зачудивме од варијациите на рецептов, како и тоа што некаде ги нарекуваат Пивки, а некаде Пиварки. Како и да се, овие колачи, мојата мајка ги нарекува Пивки, а јас го споделувам со вас, со надеж дека ќе ви се допадне и ќе се потсетите на колачите кои ги правела вашата мајка.

Рецепт за колачи - пивки

Потребни состојки:

  • 2 чаши светло пиво
  • 4 чаши масло
  • 500 грама меко брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 100 мл. вода
  • 100 грама шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 100 грама мелени ореви

Начин на подготовка:

Се мешаат пивото, маслото, брашното и прашокот за пециво и се замесува тесто. Од убаво изработеното тесто се формираат топчиња со големина на орев и се печат до заруменување на температура од 200 степени Целзиусови. Можете да си поиграте со формите на колачите, доколку имате калапи во различни форми, но не заборавајте претходно да го расукате тестото за да бидат еднакви по големина.

Во меѓувреме се подготвува шербетот со 100 милилитри вода и 100 грама шеќер. Откако колачите ќе се испечат, се потопуваат во врелиот шербет, се вадат и се увалкуваат во измешаните ореви и ванилин шеќер. Наместо ореви, можете да употребите кокос. И нормално доколку ги направите чекаме да споделите фотографии и мислење за колачиве.

Рецепт: мама 

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Магдалена Јовеска е дипломиран економист на отсек е-бизнис. Практичните и работните ангажмани ги има остварено во полето на интернет маркетинг, едукативен консалтинг и нови медиуми.

Додади нов коментар