Кригла Пиво

Колачи Cupcakes со пиво

По малку подолга пауза се враќаме со петочните рецепти, кои се предлог јадења, десерти и мезиња за вашите викенд дружби. Овојпат предлагаме навистина популарен вид на колачи наречени Cupcakes – за жал немаме соодветен превод на македонски 🙁

Овие колачи се вкусна комбинација на мафини и фил и малку темно пиво 😉

Колачи Cupcakes со темно пиво

Потребни состојки:

За колачите:
12 големи лажици несолен и омекнат путер
½ чаша какао во прав
¾ чаша темно пиво, може и Guinness
2 големи јајца
½ чаша кисела павлака (висока масленост)
1 ¼ сенаменско брашно
1 ¼ чаша шеќер
1 мала лажица сода бикарбона
¼ мала лажица сол

За филот:
8 големи лажици несолен и омекнат путер
3 чаши шеќер во прав
3 големи лажици темно пиво
¼ мала лажица ванила екстракт
малку сол

Начин на подготовка:

Во специјален калап за подготовка на мафини ставете ги специјалните корпички од мрсна хартија и загрејте ја релната на 180 степени Целзиусови.

Во мало тенџере на тивок оган, стопете го путерот, Тргнете на страна и додадете го какото во прав и измешајте добро. Потоа додадете го пивото и оставете да се олади околу 10 минути.

Во поголем сад измешајте ги јајцата и киселата павлака, додадете ја изладената претходно приготвена смеса и убаво промешајте. Додадете го брашното, шеќерот, сода бикарбоната и солта и мешајте дури не добиете еднолична смеса.

Наполнете ги калапите за мафини, пополнувајќи 2/3 од дупките за колачи. Печете ги колачите околу 20тина минути, а потоа кога ќе бидат готови (за да дознаете дали се готови, користете го најпознатиот трик за печење на тесто, дрвена чачкалица) оставете ги да се оладат од 5-10 минути и извадете ги од калапите. Пред да ги филувате, оставете ги мафините да се оладат уште дополнителни 60тина минути.

Филот ќе го приготвите со тоа што во поголем сад, со помош на миксер, ќе ги измешате путерот, дури да стане пенаст (околу 1-2 минути). Потоа додадете го шеќерот во прав, пивото, ванила екстрактот и солта со непрестано мешање до добивање на мазна и кремаста смеса.

На крај останува да го наполните готварскиот шприц и да ги филувате мафините. Како декорација, можете да ставите чоколадни или шеќерни мрвици, кои навистина изгледаат преубаво врз белиот фил.

Не заборавајте да се напиете чаша добро темно пиво, кога ќе ги дегустирате колачите и оставете ни коментар за тоа како ви испаднале 🙂

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар