Кригла Пиво

Коктел со пиво – Black Velvet

Овојпат од јадења и мезе се префрламе на вкусен коктел со пиво 🙂

Ако сакате да пробате нешто ново кое вклучува комбинација од два добри пијалоци, тогаш ви го предлагаме коктелот Black Velvet.

Коктел со пиво - Black Velvet

Потребни состојки:

Темно пиво – Guinness, Темно Лашко или друго по ваш избор
Шампањско – по можност Brut

Начин на подготовка:

Во високи чашки или чаши за шампањско (доколу имате) сипете темно пиво до половина чаша. Остатокот дополнете го со шампањско. Полека сипувајте ја течноста затоа што и двата пијалоци се газирани и не би сакале да добиете пена која ќе ја прелие чашата 😉

Ви посакуваме убав викенд и многу дружба овие пролетни топли денови и ноќи.

На здравје!

Рецепт и фотографија: www.delish.com 

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар