Кригла Пиво

Коктел од пиво и малини

Насловот сигурно ве зачуди и скептично си рековте, кој будала би направил такво нешто. И ние така помисливме, но откако го пробавме рецептов што сега ќе ви го кажеме (малку во изменета варијанта, во согласност со состојките кои можат да се најдат кај нас), заклучивме дека навистина е добар и вреди повторно да го приготвиме, поготово во овие топли летни ноќи.

Коктел од пиво и малини

Доаѓа викенд, па зошто да не ја промениме старата рутина и нареден пат кога ќе ни дојде друштвото, да ги изненадиме со нешто ново, како на пример коктел од пиво и малини.

Потребни состојки:

  • 1 чаша свежи или замрзнати малини (сега ги имаме и свежи)
  • 1.5 литри пиво
  • 1-2 чаши лимонада (направете ја лимонадата појака – да нема многу вода)
  • 1/2 чаша иситнет мраз
  • 1/2 чаша вотка

Начин на подготовка: 

Во голем сад ќе ги измешате сите состојки, внимавајќи да не го одгазирате пивото. Декорирајте со уште малини или кришка лимон.

Имајте забавен викенд 🙂

Фотографијата е превземена од Everything glitters.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар