Кригла Пиво

Кога Хајнекен вработува…

Heineken се компанија која мисли на многу маркетинг детали во своето работење. Во последниот случај тие го искористиле потполнувањето на работна позиција за добар маркетиншки спот.

Кога Хајнекен вработува...

Наместо досадните и веќе добро познати прашања на кои кандидатите знаат да изрецитираат цела песничка, смислиле 3 необични тест задачи и избрале 3 кандидати за кои потоа било интерно гласано во самата компанија. Последната задача на кандидатот била пред натпревар од Лигата на шампиони на стадионот од Јувентус. Успешно поминато и последното „интервју“, а вработувањето објавено на големиот екран проследено со воодушевување од публиката. Погледнето како тоа изгледало.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар