Кригла Пиво

KISS со свое брендирано пиво: Destroyer

KISS DestroyerАмериканскиот хард-рок бенд KISS кои освен по добрата музика се познати и по специфичната облека, нашминканите лица и сценските настапи, промовираа свое оригинално брендирано пиво: KISS Destroyer. Првите количини од ова пиво се очекуваат кон средината на овај месец да се појават во Шведска, Норвешка и Финска, а веднаш потоа и во Данска, Холандија и Велика Британија. Цената ќе се движи од 1,5 до 2 евра.

KISS Destroyer е лесно пивливо пиво правено по најдобрата германска традиција. Со внимателен процес при правењето на пивото се добива убава арома, привлечен вкус, избалансирана горчина и прекрасна пена на врвот. Содржи 4,7 % алкохол. Пивото ќе биде достапно во шишиња и лименки.

Освен ова пиво, веќе е почнато со дистрибуција и на брендираното вино KISS Zin Fire од страна на дистрибутерот Rewine кои го добија ексклузивниот договор со KISS. Виното е веќе во продажба по цена од 11-14 евра.

Пејачот и гитарист на групата, Paul Stanley изјави: „Ова не е нешто на кое што само ставивме етикета. Сакавме вино и пиво кое ќе биде уникатно за KISS и тоа го добивме.“

Басистот Gene Simmons испрати кратка и јасна порака до фановите: „Доколку сте љубители на вино и пиво, ова е за вас!“

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар