Кригла Пиво

Kenbach: Не пропуштај прилика!

Kenbach: Не пропуштај прилика!

Битолската пивара ја лансираше првата реклама за Kenbach после враќањето во продажба и рестартирањето на пиварницата. Во „Не пропуштај прилика!“ се појавуваат атрактивни девојки и еден дечко „бубалица“ на кого Kenbach му ја зголемува самодовербата и тој им пристапува и се забавува со девојките во локалот. Нормално, доколку не пиеше Kenbach ќе си беше само еден обичен гостин кој ќе си стоеше во некој агол. Главната намера во рекламата е сепак да се привлечи вниманието на јавноста со убавите и разголени девојки.

Кое е вашето мислење за првава реклама на новото Kenbach?

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

5 коментари

  1. Igor July 3, 2012 во 2:01 pm

    Немам зборови:-( Ужас!! Краен аматеризам!

  2. zoran July 4, 2012 во 3:14 pm

    Оф мори мајко. До кога вака. Ќе научат ли некогаш нашиве газди дека не бива плукни залепи. И остај друго, не се ни срамат да го објават. Не ми е јасно што си мислат, дека е добра рекламава? На мене искрено ми изгледа на најавна шпица за лош порнич. Алал да му е на тој што ги убедил дека ќе им направи добра реклама (нормално под услов ако не си ја смислувале сами пошто така изгледа). Страшноооооооооо. Немам други зборови.

  3. ivana July 5, 2012 во 6:28 pm

    Рекламата е предобра…ми се свиѓа….Само напред Кенбах

  4. Пивце July 17, 2012 во 7:34 pm

    Аууууу…. ужасно глупа реклама! Па уште и објаснувањево … хаха Ч)))

  5. jaska September 28, 2013 во 12:51 pm

    И покрај глупата реклама…јас пак ке си пијам кенбах танананна

Додади нов коментар