Кригла Пиво

Како да изладите пиво за 5 минути?

Доколку маркетот во маало одлучил да штеди струја или ви доаѓаат ненајавени гости, а пивото не го чувате во фрижидер, еве еден трик како за помалку од 5 минути да имате грч ладно пиво.

Чекор 1:
Земете некое поголемо метално тенџере од дома и наполнете го со мраз.

Како да изладите пиво за 5 минути?

Чекор 2:
Додадете вода во тенџерето.

Како да изладите пиво за 5 минути?

Чекор 3:
Следен чекор, ставете ги пивата во тенџерето полно со вода и мраз.

Како да изладите пиво за 5 минути?

Чекор 4:
Многу важно! Истурете во водата сол. Ова е трикот со кој ќе го изладите пивото многу брзо.

Како да изладите пиво за 5 минути?

Чекор 5:
За 3 минути веќе имате ладно пиво, за 5 минути веќе е супер ладно. На здравје 🙂

Како да изладите пиво за 5 минути?

Извор: Loveindublin.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар