Кригла Пиво

Пивото на Iron Maiden ќе се продава и во лименки

Пивото на Iron Maiden ќе се продава и во лименки

Британските хеви метал легенди Iron Maiden наскоро ќе започнат да го продаваат своето Trooper пиво и во лименки од 0,5л. на американскиот пазар. Пејачот Bruce Dickinson истакнал неколку предности на лименките во однос на стаклените шишиња како: можност да се рециклираат, полесно производство, зафаќаат помалку простор во фрижидер, подобри се за транспорт, пивото во лименка побргу се лади, а вкусот на пивото останува свеж подолго време.

Погледнете го и видеото директно од фабриката како се пакува Trooper во лименки 🙂

Извор: Blabbermouth.net

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар