Кригла Пиво

iPhone заштитна маска како отворач за пиво

Opena - iPhone заштитна маска како отворач за пивоПокрај многуте функции што ги има iPhone 4 отсега ќе може да се користи и како отворач на пивски шишиња благодарение на двајца австралиски претприемачи, Chris Peters и Rob Ward. Тие ја креираа „Opena“ заштитна пластична маска за телефонот кој содржи отворач за пиво кој се извлекува од маската со лизгање. Според креаторите, идејата се наметнала сама по себе бидејќи Австралијанците обожаваат да пијат пиво и често кога излегуваат или кога одат кај пријателите немаат со себе отворач за пивски шишиња. Спротивно од тоа, секогаш до себе го имаат својот мобилен телефон.

Прототипот на оваа маска го развиле работејќи по три основни правила: маската мора да биде тенка, на отворачот не смее да му се даде шанса да го изгребе телефонот и отворачот мора да го отвори шишето без дополнителен притисок врз телефонот. Креаторите уверуваат и дека ќе има заштита за пивото да не се истура и да навлегува во телефонот.

Маската со отворач за пивски шишиња наскоре ќе стане и реалност откако двајцата претприемачи од Мелбурн собраа доволно пари со донации преку Kickstarter – сајт кој му овозможува на секого да дојде до финансии за својата креативна идеа. „Opena“ се очекува да започне да се испорачува во Август по цена од $39.95 во бела, црна и зелена варијанта.

Во продолжение и YouTube рекламата за Opena:

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар