Кригла Пиво

Интересни факти за пивото (дел 2)

Се надеваме дека за една недела добро ви легна претходната тура на интересни факти за пивото. Одиме со втората:

  • Во Германија служат пиво сладолед на стапче, чија содржина на алкохол е послаба од вообичаената;

  • Некои пивари понекогаш претеруваат со уникатноста како на пример во Камбоџа, каде во пивото ставаат мртви тарантули за посебен шмек;
  • Кога сме кај чудните пива, има едно такво исто бизарно во Кореа, кое содржи мртви глувци;
  • Во случај да се прашувавте дали има пиво за вашиот најдобар пријател, кучето, мора да ве информираме дека има. И тоа не едно туку неколку брендови. Сите се безалкохолни. Би ги споменале Kwispelbier кое се произведува во Холандија и американското Bowser;
  • Во Кина, можете да си купите пиво во пластична кеса;

  • Гинис е нискокалорично пиво со содржина од само 125 калории, многу помалку од вообичаените светли пива;
  • Германците како исклучителни љубители и конзументи на пивото си имаат и свој пивовод, слично како нашиот водовод, само со пиво. Да појасниме, со пивски цевки се поврзани барови во област каде имало многу фудбалски навивачи, па потребата за константна набавка на пиво и евидентно големата побарувачка, наложила да се спроведе таков пивовод;
  • Најстариот рецепт кој некогаш бил пронајден е за производство на пиво.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар