Кригла Пиво

Интересни факти за пивото (дел 1)

За пивото има многу што да се пишува и да се прераскажува од историски факти и занимливости па се до нови истражувања и статистички податоци. Ние сакавме на кратко да ви ги презентираме најинтересните факти и занимливости при што наидовме на голем број информации за да можеме да ги „збуткаме“ сите во еден текст. Затоа решивме да ги поделиме на неколку делови, надевајќи се дека ќе уживате во секој од нив, а може нешто и да поднаучите 😉

  • Пивото е втор најпопуларен пијалок во светот, веднаш после чајот. (чај бе?)
  • Производството на пиво е занает стар повеќе од 8000 години.
  • Држави каде најмногу се консумира пиво по глава жител се Чешка, Ирска и Германија.

Држави каде најмногу се консумира пиво

  • Најголеми производители на пиво се Кина, САД и Русија.
  • Најмногу пивари има во Германија – околу 1200.
  • Едно од поскапите пива се вика Тутанкамон (Tutankhamun) и се приготвува според рецепт откриен во храмот на кралицата Нефертити во Египет, од група универзитетски археолози. Цената на шише пиво е 52 долари. Цените на најскапите пива достигнуваат и до 800 долари.

Tutankhamun пиво

  • Белгија е земја со најмногу брендови на пиво – дури 400.
  • За најстара пиварница во светот се смета Weihenstephan во Баварија, која произведува пиво од 1040 година.
  • Сумерите биле народ кои навистина сакале пиво и го произведувале уште од 2000 година ПНЕ.
  • Некои од попознатите пива со висок процент на алкохол се Samuel Adams Triple Bock – 17% алкохол и Sam Adams Utopias MMII – 27% алкохол и ограничено производство од 3000 шишиња. Како пиво со највисок процент на алкохол се смета германското Schorschbrau Schorschbock со 57,7%. Целосната листа на 100-те најсилни пива можете да ја погледнете на следниов линк.

Пиво со висок процент на алкохол

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар