Кригла Пиво

Интерактивна кампања на Grolsch

Холандскиот бренд на пиво Grolsch реализираше нова интерактивна кампања со која жителите на Англија, Велс и Северна Ирска имаат можност да добијат бесплатно пакување од 4 шишиња пиво со испраќање на смс порака.

Полицискиот офицер Journt Von Deg, измислениот карактер од рекламата е прикажан како седи во еден мрачен бар, гледа директно во вас, а гласот во позадина ви објаснува како сè што треба да направите е да му испратите смс порака со вашето име и доколку ве препознае полицаецот ќе ви врати смс каде да си го подигнете пивото. За да го дознаете бројот за испраќање на смс порака ќе мора да го изгледате целото видео на нивниот веб сајт. Бидејќи ние во Македонија немаме пристап до оваа содржина, видеото од кампањата е поставено подолу.

Интерактивната кампања е дело на агенцијата Beattie McGuinness Bungay и според нив секој ден добиваат во просек по 2.000 пораки. Добро осмислена и реализирана маркетинг кампања што заслужува пофалба иако остануваат нејасни две работи, зошто баш полицаец е избран да чести пиво и зошто има прикриени реклами за Apple и iPhone?

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар