Кригла Пиво

Instagram натпревар: СКОПЈЕ КРЕАТИВА 2015

Фестивалот за креативни индустрии – Скопје Креатива 2015, оваа година започнува со својот инстаграм натпревар под мотото „Скопје – мојот град!“.

Instagram натпревар: СКОПЈЕ КРЕАТИВА 2015

Скопје Креатива претставува уникатен настан кој веќе 4 години влијае позитивно врз развојот на културната сцена и на едно место ги обединува креативниот сектор во земјава и регионот, како и бизнис заедницата. Оваа година Скопје Креатива ќе се одржи од 16-20 септември 2015 со локација во Плаја Виста, Скопје. Четирите фестивалски денови се исполнети со богата програма која вклучува изложби, презентации, предавања, работилници, панел дискусии, форуми/дебати.

Целта на натпреварот е да се поттикнат Instagram корисниците да споделуваат фотографии од креативни и инспиративни моменти на градот Скопје на нивните Instagram профили.

За да се вклучите во натпреварот, потребно е да го заследите Instagram профилот на Скопје Креатива и при објавата на фотографијата задолжително да го користите #SКК15. Дополнително може да дадете опис зошто го одбирате токму тој дел или момент од Скопје, или што претставува за вас.
Натпреварот трае до 05 септември, по што следи избор на најдобрите 30 фотографии и организирање на нивна изложба на самиот настан. На секоја од испечатените фотографии ќе биде изложено и корисничкото име на фотографот.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар