Кригла Пиво

Корисни информации за Пивофест 2012 во Прилеп

Кригла Пиво Јули 4, 2012 Кригла Фестивали 35 коментари

Конечна програма и саатница за 10-тото јубилејно издание на Пивофест во Прилеп:

Четврток, 12-ти јули
20:30 – Свечено отворање
21:00 – Conquering Lion (Македонија)
22:00 – Ras Zacharri (Јамајка)
23:00 – S.A.R.S. (Србија)
24:00 – Дубиоза Колектив (Босна и Херцеговина)

Петок, 13-ти јули
20:00 – Crossroad Blues Band (Македонија)
21:00 – Влатко Стефановски Трио (Македонија)
22:00 – Есма Реџепова (Македонија)
23:00 – Кирил Џајковски & Бенд (Македонија)

Сабота, 14-ти јули
21:00 – Мирослав Илиќ (Србија)
22:00 – Џеј Рамадановски (Србија)
23:00 – Жељко Јоксимовиќ (Србија)

Недела, 15-ти јули
21:00 – Наум Петрески (Македонија)
22:00 – Петар Грашо (Хрватска)
23:00 – Лепа Брена (Србија)

Место на одржување:
Во строгиот центар на градот. Главната музичката програма е на плоштадот „Александрија“ на големата бина пред Комерцијална Банка. Забавата до раните утрински часови со музички изведувачи е на малата бина кај „Ѕидот“.

Работно време:
Работното време на излагачите на фестивалот е од 09:00 – 01:00. Алкохол во супермаркетите и локалните маркети се продава до 21:00.

Кампинг зона:
Парк на револуцијата (Могила)

Паркинг:
Катната гаража е веднаш до автобуската станица. Има голем број на паркинг места околу фестивалската зона.
Консумирајте безалкохолни пијалоци доколку возите!

Возен ред:

  • Повратен билет од Скопје до Прилеп е 398 ден.
  • Повратен билет од Битола до Прилеп е 158 ден.
  • Повратен билет од Велес до Прилеп 254 ден.

*Со жолта боја е означен експресниот воз.
**По повод „Фестивалот на пивото 2012“, Македонски Железници Транспорт АД – Скопје воведува во сообраќај еден пар на посебни возови на релацијата Скопје – Велес – Прилеп и обратно во деновите 14 (сабота) и 15 (недела) 07.2012 година.
Време на тргнување од: Скопје 11:01, Велес 11:42 часот. Пристигање во Прилеп во 13:00 часот. Време на тргнување од Прилеп во 01:30 часот, Велес 02:48, пристигнување во Скопје во 03:37 часот.

Корисни линкови:

Такси компании:
(048)15-95, 15-73, 15-81, 15-88, 15-85, 15-71
Цена: 50 ден. старт, 20 ден. од километар

Каде да се трезниме наутро?

  • Олимписки базен „Маркови Кули“
  • Базен во хотел „Мак-Ам“
  • Базен „Амфора“
  • Вештачкото езеро во близина на Прилеп

Што да се јаде и пие?

  • Бурек – „Калимеро“
  • Кебапи – „Кај Стојче“
  • Македонка – „Кај Кумата“
  • Прилепски ширден – „Болеро“ (Предлог на Ева)
  • Скара општо – „Гурман“
  • Автентична атмосфера – „Македонска Куќа“
  • Пица – „Леоне“
  • Чорба – „Кај Џоки“
  • Макијато – „Соник“
  • Нес Кафе – „Ла Страда“
  • Палачинки – „Cake Bar“
  • Грицки – „Хоби“
  • Пиво – Секаде
  • Фаст Фуд – „Каспер“ (Предлог на Лола и Филип)

Корисни совети:

  • Не возете под дејство на алкохол;
  • Фрлајте го ѓубрето во кантите за отпадоци;
  • Не им давајте алкохол на вашите малолетни деца;
  • Не фрлајте пиво во воздух;
  • Користете ги фестивалските wc-тоалети.

Поважни телефонски броеви:

  • Градска болница – (048) 422 430
  • Брза помош – (048) 194
  • Автобуска станица – (048) 425 555
  • Железничка станица – (048) 412 660
  • Полиција – (048) 192
  • Против пожарна станица – (048) 193
  • Авто мото друштво „Прилепец“ – (048) 422 224

Изгубено-најдено: Нема, ама ние сме тука да помогнеме. Пишете ни ако треба да разгласиме и да се обидеме да ви помогнеме.

Дали може да не честите пиво?
Да, доколку не забележите на Пивофест дозволено ви е да не честите пиво :)

Слики од Пивофест?
Следете ја Кригла Пиво и очекувајте секојдневни репортажи од лице место.

Добар помин на сите што ќе присуствуваат во Прилеп!

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

35 коментари

  1. Eva Јули 4, 2012 во 8:50 pm

    сте заборавиле во делот за храна “ширден -Болеро”

  2. Кригла Пиво Јули 4, 2012 во 9:13 pm

    Затоа сте туку Вие да не дополните за се што мислите дека недостасува во листата :)
    Ширденот е прилепски специјалитет меѓутоа намерно е изоставен бидејќи спаѓа во групата на тешки јадења за во лето, па не би сакале да не обвинат нас доколку на некого му се слоши :)

  3. Филип Јули 4, 2012 во 10:02 pm

    Во делот со фаст фуд, би можело да стои “Каспер” , “Меџик”, “Мамли” и ред други :)

  4. alek Јули 4, 2012 во 10:27 pm

    Prvo imate napraveno greska znaci vremetraenjeto na pivofestot e od 09:00do04:00h

    • Кригла Пиво Јули 5, 2012 во 9:36 am

      Здраво Алек. Времето е земено од официјалните услови за учество на фестивалот што ги прифаќаат излагачите. Поздрав

  5. natasa Јули 4, 2012 во 10:55 pm

    Kaj-coki osven corba ce ima sirdeni,kolenici,domasni kolbasi i site vidovi na skara

  6. Liza Јули 5, 2012 во 1:08 am

    Isto taka ste go zaboravile i najdobroto Taksi ELEN 15-71

  7. Lola Јули 5, 2012 во 8:19 am

    Зошто кај фас фуд не сте го ставиле Каспер? Јас сметам дека нема поубаво место за сендвичи. Поздрав и би Ве замолила да го додадете.

  8. Емил Јули 5, 2012 во 10:54 am

    Заборавивте да му кажете на луѓево што идат од другиве градови да си носат +100еу за паркинг,ќе ве одерат…

    • Кригла Пиво Јули 5, 2012 во 11:08 am

      Имаш некое негативно искуство? Ние како што знаеме претходниве години паркингот беше околу 50 денари…освен ако не паркирате на диви маркинг места

      • Kumanovo Јули 6, 2012 во 1:10 pm

        Vo pravo si jas sum od kumanovo bev i cenata na parking mesto e 50 den go prasav za kolku vreme mi rece za 24 casa na katnata garaza i tamu mi stoese avtomobilot okolo 7,8 casa a plativ samo 50 den.

  9. Liljana Јули 5, 2012 во 1:48 pm

    Авто мото друштво „Прилепец“ – (048) 426-909
    тел. број е 422 224

    • Кригла Пиво Јули 5, 2012 во 2:26 pm

      Благодариме за корекцијата. Сме пронашле грешен извор од каде што го презедовме бројот. Поздрав

  10. Zarko Јули 6, 2012 во 10:30 am

    Како радио кое мора секој да го слуша затоа што остана единствено во Македонија сте го заборавиле Радио МЕФФ 98,7 ФМ или можеби не се вклопува :) :)

  11. Magdalena Јули 6, 2012 во 3:41 pm

    dali vo kamping zonata ke se ostavaat satorite ili ke treba da gi sobirame?

  12. steve Јули 6, 2012 во 3:42 pm

    dali vo kamp zonata ke ima cuvari ili ke treba da gi sobirame storite koga nema da bideme tamu??

    • Кригла Пиво Јули 6, 2012 во 8:12 pm

      Не можеме да Ви одговориме на ова прашање во моментов бидејќи ние не сме организатори. Она што го знаеме е дека има чувари во комплексот „Парк на револуцијата“, но не и дали ќе има чувари специјално за кампинг зоната

  13. Goran Јули 9, 2012 во 7:05 pm

    Сабота 20:00 настапуваат TheHounds

  14. Daniel Јули 9, 2012 во 7:45 pm

    Споменувате очајни “ресторани” (кои патем не се ни ресторани) како Кај Џоки, Кумата, Стојче…. А ги изоставате на пр. Евро, Александрија, па и Балче е дааааалеку поквалитетен од овие кај “господата” Џоки, Кумата, Стојче… Или тие ви се блиски или подалечни пријатели па ај ке форсираме иако не вреди ни најмалку… срамота :/…

    • Кригла Пиво Јули 9, 2012 во 8:43 pm

      Даниел, ниту еден од споменатите предлози не ни е во никаква роднинска или пријателска врска. Сите се споменати заради еден нивни производ, а не како комплетен ресторан. Сите вие може да испраќате Ваши предлози што е добро да се проба во Прилеп. Поздрав

      • Daniel Јули 10, 2012 во 6:03 am

        Па дечко ако ние како Прилепчани не знаете што е добро тогаш сигурно од Тетово не знаат подобро кај да отидат, и кога видов дека чорбата т.е водата од кај Џоки е ставена тоа ме изнервира страшно, за чорба нема подобра од Евро и Салида… Сум пробал на 2те места а и кај Џоки каде што нема пак да пробам… Проверете ги информациите што ги пишувате затоа што веројатно посетителите ке ве послушаат а нема да сватат дека пропуштиле нешто подобро и кога не знаете за сигурно каде и што е добро не пишувајте, барем тоа за храната, нека си пробаат сами од кај што сакаат, не мора да предлагате вие т.е не сте експерти за храна па да предлагате…. И не ми се прави мн културен и паметен, звучиш ко политичар :/… ПОЗДРАВ!

        И бај тхе веј секој може да собере 100тина луѓе и да ги натера да ја предложат неговата кафана нооо тоа не значи дека заслужува, нели господине :) ?

      • Daniel Јули 10, 2012 во 6:07 am

        и како што гледам погоре само Ширден (болеро) и Фаст Фуд (каспер) се предложени од некого :/…

  15. prilepcanka Јули 10, 2012 во 10:56 pm

    Zdravo na site ljubiteli na ladno pivo i dobra skara, za mnogu godini da ni e i ovoj Pivo fest 2012,da ima mnogu gosti, da bide beriketen, daj boze,i da bide se vo red.Eve edna ubava reportaza za nasiot grad Prilep za koj imase dosta interes da se vidi pogotovo od nasite iselenici.http://www.youtube.com/watch?v=xpz0fKE6ono

  16. prilepcanka Јули 10, 2012 во 11:00 pm

    Ah da i ne zaboravete nautro za site ljubiteli na topol burek hmhmhm,i laden jogurt povelete vo KALIMERO JADETE I UZIVAJTE BUREK OD MAJSTOR ILIJA ,vi posakuvam se najubavo.

  17. Драган Јули 11, 2012 во 12:57 pm

    Здраво, сакам да прашам, за тие што ке идеме со шатори, дали ке има некаде тушеви за да можеме да се истушираме. :)

  18. Marjan Јули 11, 2012 во 5:20 pm

    Прекрасен бурек во бурекџилниците на “МАРЈАНА”-ЏУЛИЈАНО

  19. EveJabe Јули 11, 2012 во 9:44 pm

    hahha fast fud kasper? abe ubavo si stoese nikade…so pa kasper pa..so posno kaskavalce uh uh da se iznajadis ebamu ceceto

  20. sasko Јули 11, 2012 во 10:23 pm

    знаци алал да ви е луге, бравос за ваквава информација, се е опфатено схто треба, а некои лошковци ке речат( мајмуни схто знаат да понудат), ама се покажа дека знаат убаво да покажат и да истраат во традицијата, едно големо БРАВО за целокупниот тим кој сте таму присутни и до ПРИЛЕП од кај што и мене ми е коренот, горд сум на тоа,
    поздрав и убаво да си пројдиме сите

  21. makedonka Јули 12, 2012 во 12:59 am

    FOODY food lokacija katna garaza hamburger,cizburger,pici,tost,peceni sendvici,kafe, pijaloci posetete probajte nema da pogresite

  22. RIKI Јули 12, 2012 во 3:17 pm

    А ќе има слободни паркинг места, колку е катната? Ако е зафатена каде има на други места, дајте некоја мапа на паркизи, оти ќе идам од БТ сакам да ја оставам на паркинг на безбедно, не некој да ми ја пребара колата…Позз

  23. АлтерБус Јули 12, 2012 во 6:10 pm

    Ако знае некој, дали ќе има дополнителни автобуски превоз СК-Прилеп-СК (освен редовните линии/превозници), можеби други превозници што не возат од/до меѓуградските автобуските станици во двата града (на пр. во Скопје од Дрводекор, Бристол итн.)? фала…

Додади нов коментар