Кригла Пиво

IKEA со свое брендирано темно пиво

Познатиот шведски производител и продавач на мебел IKEA создаде и пушти во продажба свое пиво. Öl Mörk Lager е темно лагер пиво кое содржи 4,7% алкохол, има убав вкус на слад и засега се продава само во В.Британија во шишиња од 0,33л. Цената на едно шише е 1.75 фунти.

Иако пивото се продава веќе неколку месеци, се уште има малку информации за него. Според коментарите на корисниците на Untappd кои го пробале, пивото има изненадувачки добар вкус и вреди да се пие. Ние сепак ќе почекаме изгледа подолго време дури да го пробаме.

Надополнето, 22.06.2012:
IKEA го претстави и своето светло пиво Öl Ljus Lager, кое се продава во истата амбалажа и по истата цена.

Во меѓувреме ги отфрлија и шпекулациите дека нивното пиво наскоро ќе се појави на пазарот во САД.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар