Кригла Пиво

Хрватската микро пивара Brlog собра повеќе од 9.000 долари за 9 дена на Indiegogo

Кога 2 девојки од Задар, Хрватска одлучиле за сопствената микро пивара Brlog да побараат помош од сите љубители на craft пивата преку групно финансирање, сигурно не очекувале толку масовен одзив и дека до денес за 9 дена ќе соберат повеќе од 9.000 долари на Indiegogo.

Ana Teskera и Maja Šepetavec, по професија прехранбени технолози, заедно со своите пријатели после напорно работење имаат свое пиво, Blonde Ale со 4 видови хмељ и 3 видови слад. Целта сега им е да соберат пари за производство на пивото, за шишиња, гајби и за етикети. Со оглед дека првичната побарувана сума од 8.000 долари е веќе надмината, а има уште дваесетина денови за донации, најверојатно ќе има средства за нешто многу повеќе од тоа 🙂

Ана и Маја во промотивните материјали викаат дека бараат помош за да го направат светот, но пред се нивниот град, подобро место за живеење каде што се пие добро домашно пиво. Како тие го дефинираат craft пивото? Како занаетчиско пиво без адитиви, нефилтрирано и непастеризирано. Таквото пиво има зголемена хранлива и гастрономска вредност. Занаетчиското пиво претставува производ зад кој стојат луѓе со име и со презиме, пиво зад кое стојат многу упорност, внимателност, храброст и пријателство.

Девојки, со среќа 🙂

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар