Кригла Пиво

Хрватите за време на ЕП 2012 дневно трошат 4 милиони евра на пиво

Јелена и Викторија

©Cropix. Сликата е преземена од slobodnadalmacija.hr

Од пласманот на Хрватска на Европското првенство што се игра во Полска и Украина освен туристичката промоција најголема добивка ќе извлечи пивската индустрија во оваа земја. Според пишувањата на дневниот весник „Слободна Далмација“, во деновите кога игра нивната репрезентација се троши пиво во вредност од 27 милиони куни односно околу 4 милиони евра. Вообичаено во јуни се пие 400.000 хектолитри пиво што би дошло околу 13.000 хектолитри пиво дневно. Додека кога игра Хрватска, тој ден се пие повеќе од 20.000 хектолитри пиво.

За време на Светското првенство во фудбал во Германија 2006-тата година, пиварниците во Хрватска произведиле и потрошиле 40.000 хектолитри повеќе пиво од вообичаеното за тој месец. Очигледно е дека овие големи натпреварувања кога игра нивната репрезентација се добродојдени за развојот на индустријата со пиво. Сега останува само да се надеваат дека Хрватската фудбалска репрезентација ќе успее да се пласира во вториот круг од ЕП 2012 и да си обезбеди некој натпревар плус.

Не е познато колку пари трошат на пиво посетителите од Хрватска во Полска, но според сликите каде што се гледа дека цело време се со криглите во раце, изгледа дека не се штедат воопшто. Особено овие 2 девојки од сликата погоре кои се прославија низ цел свет и на својата земја и донесоа поголема туристичка промоција и од фудбалерите и од сите рекламни кампањи на туристичките друштва од Хрватска. Па така и покрај сите злонамерни пишувања во нивниот печат, некои туристички работници веќе им понудија бесплатни аранжмани во своите објекти на Јелена и Викторија. После толку многу соблекување, добро би им дошол мал одмор 🙂

Објавено на 16.06.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар