Кригла Пиво

Хрватите преферираат фудбал пред секс, а консумираат исклучиво пиво

Во истражувањето направено за потребите на Carlsberg пиварата, во чиј состав е и Pan пивото, официјален спонзор на UEFA EURO 2016, се потврдува дека Хрватите се луди по фудбал и за време на големите натпреварувања нема ништо позначајно од фудбалските натпревари и сите други обврски и планови ги прераспоредуваат и паѓаат во втор план. Истражувањето покажало и дека нераскинлив дел од сите фудбалски настани е пивото кое што се консумира во големи количини.

Хрватите преферираат фудбал пред секс, а консумираат исклучиво пиво

Вкупно биле анкетирани 214 фудбалски навивачи од машки пол на возраст од 18 до 49 години. Најголемиот дел од нив фудбалските натпревари од престојното Европско првенство планираат да ги гледаат во кафулиња (63%), дома (55%) или кај пријатели (45%). Дури 95% одговориле дека при гледањето на фудбалските натпревари ќе консумираат пиво, а истиот тој процент смета дека фудбалот и пивото се совршен спој бидејќи пивото ја подигнува позитивната атмосфера, се смета за традиција, но и е полесен пијалок за разлика од некои други алкохоли.

Некои од одговорите на фудбалските фанови биле и следните: “Нема секс за време на натпреварите, пола саат пред и после натпреварите“, „Барам девојка која што сака фудбал, да бидеме блиску и да гледаме заедно бидејќи не планирам да и овозможам повеќе од своето време додека трае првенството“, „Помалку се гледам со девојки, доцнам на состаноците, а неколку пати и сум откажувал состаноци со девојки заради натпревари“.

Во текот на натпреварите најчесто се практикува гласно навивање (64%), а голем број од анкетираните носат дрес и се молат за добар резултат. Се разбира, во прилог на ова истражување оди и тоа што Хрватска е учесник на годинешното ЕП во Франција.

Извор: Jatrgovac.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар