Кригла Пиво

Heineken: забава со QR кодови

Музичките фестивали, како место за забава се одлична прилика да сретнете и да запознаете нови луѓе кои потоа можат да ви станат пријатели или нешто повеќе од тоа. Бидејќи често пристапувањето и започнувањето разговор со некого знае да биде проблематично, Хајнекен се погрижиле да смислат креативен начин за „кршење на мразот“ со персонализирани QR кодови.

Heineken: Забава со QR кодови

Видеото подолу е од музички фестивал во Гдиња, Полска каде присуствувале околу 5.000 млади луѓе и секој од нив имал шанса да си направи свој QR код со лична порака, информација за себе или урл адреса до својот Фејсбук профил. Резултатите биле изненадувачки, а Хајнекен уште еднаш се докажа како лидер на пазарот со својот маркетинг пристап.

Објавено на 12.01.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар