Кригла Пиво

Heineken: The Switch

„The Switch“ е новиот рекламен спот на Heineken како дел од пошироката маркетинг кампања насловена „Open Your World“. Рекламата прикажува како пиењето на одлично пиво може да ја промени целата околина околу вас.

Во рекламниот спот, тројца момци облечени во формална облека влегуваат во темен и празен бар. Додека шанкерот им точи Хајнекен, околината почнува да се менува и барот станува место со висок стил. Шанкерот се преоблекува во смокинг, стариот пијанист го заменуваат убавите девојки од бендот, подиумот се полни со луѓе кои што танцуваат, а во ѕидовите се појавуваат и големи аквариуми.

Рекламата е дело на агенцијата „TBWA\NEBOKO“ од Амстердам. Музиката во позадина е: Clairy Browne & the Bangin’ Rackettes – Love Letter.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар