Кригла Пиво

Heineken: изгрејсонцето им припаѓа на умерените пијачи

Heineken SunriseHeineken продолжува со своите рекламни кампањи за совесно пиење алкохол. Не дозволувајте алкохолот да ви го одземе уживањето во игрејсонцето со саканата личност. Накратко тоа е пораката што ни ја пренесуваат од Heineken. Реклама е насловена „Sunrise“ односно „Изгрејсонце“ и прикажува два типа на млади луѓе, едни што претерале со пиење и други кои знаат до каде им е границата и избираат шише со вода наместо пиво. Додека првите ќе го преспијат изгрејсонцето, втората група ќе може да ужива во него.

Рекламата е намерно пуштена пред новогодишните и божиќните празници бидејќи се верува дека во овој период луѓето имаат повеќе слободно време и повеќе пијат алкохол.

Во видеото се појавува и DJ Audrey Napoleon кој е автор на музичката подлога „#mysunrise“. Кампањата е дело на Publicis International и AKQA.

Објавено на 14.12.2011

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар