Кригла Пиво

Heineken Star Player

Кригла Пиво May 25, 2011 Кригла Спорт 1 Comment on Heineken Star Player

За полуфиналните натпревари од Лигата на шампиони на УЕФА, Heineken ја стартуваше својата фудбалска апликација „Star Player“ која во моментов е достапна за iPhone и за Facebook корисниците. Heineken е главен спонзор на Лигата на шампиони и тоа успешно го користи во своите маркетинг цели кои се повеќе ги опфаќаат социјалните медиуми и интерактивноста со корисниците во реално време. Играта доби на популарност или ако сакате Heineken успешно ја промовира овие денови пред финалето од Лигата на шампиони помеѓу Манчестер Јунајтед и Барселона.

Функционирањето на апликацијата односно играта е доста едноставно. Секој играч си креира свој профил и на десетина минути пред почетокот на натпреварот апликацијата се стартува. Времето на апликацијата се синхронизира автоматски со времето на натпреварот што го гледате во моментот на ТВ. Ваша главна задача ќе биде да го предвидите резултатот од клучните моменти во текот на натпреварот: корнери, слободни удари и пенали. Освен тоа, во текот на „досадните“ делови од натпреварот се поставуваат прашања на екранот со чие одговарање можете да освоите дополнителни поени, а имате и 1 џокер: 50:50 при одговарањето прашања, можност за дополнителна гол шанса или можност за дуплирање на квиз поените.

Оваа апликација не би го имала социјалниот момент доколку резултатите не може да ги споредувате со пријателите или едноставно да си креирате ваша приватна лига и да се натпреварувате помеѓу себе. Ќе можете да ги гледате одговорите и на другите играчи, а точните одговори ќе ви носат и различни беџови како: „Free kick hero“ или „goal master“. Facebook апликацијата ќе ви овозможи резултатите да ги прикачувате директно на својот ѕид. Доволно да се привлечи вниманието, останатите можности на играта имате шанса самите да ги откријате.

Играта е осмислена и создадена од креативната агенција „AKQA“ и таргетирана кон се поголемиот број на корисници на мобилен интернет. Веројатно на голем број страствени вљубеници на фудбалот нема да им се допадне ваква игра која би им го одзела вниманието од случувањата на теренот. За останатите кои на фудбалот гледаат како на забава ова е уште една мултиплатформска игра која масовно ќе ја користат. Паметен потег на Heineken во секој случај како и сите нивни маркетинг техники што ги употребуваат.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар