Кригла Пиво

Heineken: социјална божиќна елка

За пречекот на новата 2012 година и славењето на божиќните празници, Heineken ја прави првата социјална божиќна елка. За разлика од класичните елки, оваа ќе биде висока 11 метри и составена од 48 големи LCD екрани на кои ќе се прикажуваат празничните честитки кои сите ние може да им ги испраќаме на нашите пријатели преку Facebook. Инсталацијата ќе биде поставена од 17-ти до 26-ти Декември во Clarke Quay во Сингапур. Освен честитките, на елката ќе бидат прикажувани музички изведби на дваесетина пејачи од целиот свет, поддржано и со најразлични визулени ефекти.

Heineken: социјална божиќна елка

Откако ќе ја уклучите Facebook апликацијата можете да креирате ваша божиќна елка, да изберете некоја од зададените честитки и да им ја испратите на пријателите. Внимавајте, честитката може скапо да ве чини доколку на сите пријатели им испратите „Merry Christmas! Next round on me!“ 🙂

Објавено на 12.12.2011

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар