Кригла Пиво

Поканете ја вашата симпатија на состанок со Heineken Serenade

За иновативноста и креативните рекламни кампањи на Heineken е пишувано многу пати досега, а тие секогаш знаат да изненадат со нешто ново и оригинално. Последно од нивните работилници е забавната и интерактивна фејсбук апликација Heineken Serenade со која можете да и испратите персонализирана серенада на личноста која ви се допаѓа и да ја поканите на состанок. Апликацијата е составен дел од кампањата на глобално ниво Open Your World, a во чест на празникот на вљубените Св.Валентин. Сите корисници ќе можат да изберат своја серенада од вкупно 640 различни верзии кои се во изведба на музичарот од „The Date“ рекламата, Paul “Kiss” Kissaun.

Во неколку чекори можете да ја прилагодите песната т.е. серенадата која ќе и ја постирате на личноста што ви се допаѓа и таа ќе може да погледне интересно видео кое сигурно ќе изнуди насмевка на нејзиното или неговото лице. Ваш е изборот дали драгата особа ќе ја поканите на романтична вечера, на караоке забава, дали ќе ја водите на танцување или на куглање. Можете да одберете и што ви се допаѓа најмногу кај избраната личност, а што мислете дека ја привлекува кај вас. Или накратко, замислата е да се добие серенадата со одговарање на 4-те клучни прашања преку: Who-Why-What-Why Me.

Heineken уште еднаш потврдува како треба да се работи на односот кон своите постоечки потрошувачи, но и како се стекнуваат нови со искористување на дигиталниот маркетинг. За таа цел тие потпишаа и меѓусебен договор за соработка со Facebook кој ќе им помага во постоечките и идните кампањи од ваков тип. Апликацијата е дело на агенцијата Wieden+Kennedy од Холандија. Хаш-таговите за твитер се: #Serenade и #SerenadeLive

Објавено на 05.02.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар