Кригла Пиво

Heineken сака да го подобри искуството со точеното пиво

Heineken продолжува со потрагата по нови искуства за љубителите на пиво. После конструирањето на ноќен клуб од иднината, следно на „Heineken Ideas Brewery“ е иновацискиот предизвик за подобрување на искуството со точеното пиво – Draught Beer Challenge. Предизвикот е отворен од 31-ви јули и ќе трае до 28-ми септември кога ќе бидат одбрани 6 финалисти кои своите идеи потоа ќе можат да ги презентираат пред официјалните судии на дводневен работен состанок во Амастердам.

Според истражувањата на Heineken корпорацијата, луѓето низ целиот свет го сакаат точеното (draught-суво) пиво каде постои голем потенцијал за негово подобрување бидејќи ништо не е сменето веќе со години наназад. Забавната, музичката, гејмерската но и останатите индустрии секојдневно растат благодарение на новата технологија и ни нудат бесконечно многу можности. Heineken верува дека со нивно искористување и поврзување може да го подобри точеното пиво и да создаде ново подобро искуство.

Искористување на новите, социјални медиуми, нагласување на забавниот момент при точењето, споделување на знаењето или како е можно точеното пиво да изгледа поразлично и со поинаков вкус се некои од насоките за размислување на креативците. Пријавите веќе почнаа да пристигнуваат. Проверете ги на сајтот ideasbrewery.com

Наградените ќе бидат соопштени во ноември. Победникот ќе добие 5.000 долари, а двајца финалисти по 2.500 долари. За жал свои идеи ќе можат да поднесуваат само жителите на овие држави: Австрија, Бразил, Канада (без Квебек и Јукон), Кина, Чешка, Германија, Индија, Израел, Италија, Јапонија, Холандија, Мексико, Шпанија, Велика Британија и САД (без Калифорнија).

За подобро објаснување на предизвикот, Heineken ангажираше двајца комичари, Adam Fields и Samba Schutte кои на хумористичен начин предложија неколку свои идеи за подобрување на искуството со точеното пиво. Можете да ги слушнете во следново видео:

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Основач и главен уредник на Кригла Пиво. Дипломиран економист на отсек е-бизнис, преокупиран со интернет маркетинг и нови медиуми. Во слободно време ужива во добро пиво со добра музика или некој спортски натпревар.

Додади нов коментар