Кригла Пиво

Хајнекен креира ноќен клуб од иднината

Heineken: Ноќен клуб од иднината

Дизајнот и иновацијата секогаш биле клучен фактор што го движеле развојот на Heineken брендот. Препознатливи се по десетици креативни реклами, герила маркетинг, дизајн на пакувања или фејсбук апликации за сега да креираат футуристички дизајн за ноќен клуб. Вкупно 19 дизајнери се вклучени во проектот наречен „Heineken Open Design Explorations Edition 1: The Club“ кој вклучува модни дизајнери, дизајнери на внатрешен простор, графички дизајнери, продукт дизајнери, дизајнери за светло, видео и мултимедијални содржини кои треба да го креираат прототипот на ноќен клуб од иднината.

Финалниот производ ќе биде промовиран на Milan Design Week – неделата на дизајн во Милано, Италија. Целта е да се креира ноќен клуб со уникатно чувство и доживување за сите љубители на ноќниот живот и електронската музика.

Вкупно 200 дизајнери аплицирале за програмата, а избраните се од 4 земји: Јапонија, Бразил, Италија и САД. Освен дизајнерите и нивни ментори избрани се и потрошувачи кои ќе треба да ги пренесат нивните лични искуства од клубовите и да дадат свои предлози. Првата задача на сите тимови била да се посетат локалните ноќни клубови и да се набљудува околината и однесувањето на клаберите. Тоа ќе им биде од голема помош за да се разберат потребите и очекувањата на оваа целна група.

Не се сомневаме дека на крајот резултатот ќе биде феноменален, а Хајнекен тоа на најдобар начин ќе знае да го искористи за своите маркетинг потреби. За крај и кратко видео со неколку изјави од дизајнерите:

Благодариме до Ива за сугестијата за овај напис.

Објавено на 02.03.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар