Кригла Пиво

Heineken: Научете да послужувате пиво

Подолу е принт рекламата направена од Хајнекен Италија за нивниот тренинг курс како се послужува пиво. Сопствениците односно вработените во пабовите и кафулињата ќе можат да се запознаат со техниките на точење на пивото и како најдобро да се послужуваат гостите.

Во рекламата пивото е направено во форма на книга во склоп со нивниот слоган „a beer has a lot to teach“. Во 2011г. менаџерите што присуствувале на курсот ја зголемиле продажбата за 20%. Интересно нели? Колку би било добро вакво нешто да се одржи и во Македонија, па конечно пивото да ни го послужуваат онака како што заслужуваме.

Heineken: Научете да послужувате пиво

Објавено на 27.04.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар