Кригла Пиво

Heineken: Џејмс Бонд пакување во октомври

Heineken: Џејмс Бонд пакувањеHeineken во чест на 15-годишното партнерство со Џејмс Бонд и излегувањето на новиот филм „Skyfall“ ќе реализира повеќе промотивни активности од септември до ноември во САД. Ова ќе биде 23-тиот по ред филм од Џејмс Бонд серијата, а во главната улога ќе биде актерот Daniel Craig. Премиерата во САД е закажана за 9 ноември.

Најпрво на 21-ви септември се очекува да излезе новата видео реклама која ќе биде дел од кампањата „Legends“, а во која ќе се појави и Џејмс Бонд, односно актерот Daniel Craig. Потоа на 1-ви октомври ќе биде пуштено специјалното пакување од 12, 18 и 24 шишиња Хајнекен. На секое пакување ќе има специјални кодови со кои ќе може да се освои билет за проекциите на „Skyfall“ низ кино салите во САД. Кампањата ќе биде поддржана со најразлични маркетинг алатки како билборди, дисплеи, разладувачи, картички и сл.

За жал ваква кампања е најавена само за САД и тешко дека специјални пакувања со Џејмс Бонд ќе може да очекуваме во Европа.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар