Кригла Пиво

Heineken – Јакна од змиска кожа

Heineken - Јакна од змиска кожаHeineken го лансираше својот прв рекламен спот во САД како дел од кампањата „Be a Man of the World“ за своето пиво Heineken Light кое се продава само на американскиот пазар. „Snakeskin Jacket“ или „Јакна од змиска кожа“ е продолжение на претходните два спота „The Entrance“ и „The Date“ кои предизвикаа големо внимание и добија неколку награди на престижни фестивали како што е меѓународниот фестивал на креативност во Кан.

Рекламата која повторно е дело на Wieden + Kennedy, прикажува дечко во различни ситуации кој носи јакна од змиска кожа. Тој не е најдобро прифатен од околината на деловните состаноци ниту пак на голф терените, но затоа одлично се вклопува во настанот со борба на змии за добротворни цели. Главниот лик е нај „кул“ фаца во тоа друштво. И нормално пие Heineken. Секогаш со тебе во вистинскиот момент…

На некои рекламата ќе им се допадне, на некои како нас и нема, но се чини најжестоки критичари во моментов се борците за правата на животните. Тие жестоко го нападнаа рекламниот спот и на YouTube и на веб страните со повици за бојкот на Heineken пивата. Дали сепак ова е погрешен маркетинг чекор од страна на Heineken?

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар