Кригла Пиво

Хју Хефнер во новата реклама за Bavaria

Хју Хефнер во новата реклама за BavariaХју Хефнер, основачот на Плејбој се појавува во најновата реклама на холандскoто пиво Bavaria што се одвива во неговиот замок полн со млади и атрактивни девојки. Рекламата го открива скриениот паб во неговото живеалиште што го користи за да се напие добро пиво после напорниот ден исполнет со најразлични побарувања од многуте девојки, трпењето на нивните тепачки со перници, нивните мали кучиња и мал гардеробер, учењето да играат тенис и овошните коктели на забавите во неговиот двор. Откако сето тоа ќе заврши може да се сокрие од јавноста и да ужива во своето омилено пиво со своите другари.

Не знаеме како успеале да го натераат милионерот да се појави во реклама за пиво, но ова не е прва реклама на Bavaria каде се појавуваат славни личности како Мики Рурк, Марадона, Марко Ван Бастен или Дон Џонсон.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар