Кригла Пиво

Guinness: Собери ги пријателите на пиво

Следната сабота е ирскиот празник „St Patrick“, а Guinness како најпознат пивски бренд од Ирска скоро секоја година подготвува специјални рекламни кампањи. Годинава за таа цел подготвија хумористична реклама со препознатливиот британски хумор кој потсетува на мешавина од Монти Пајтон, Бени Хил и Мистер Бин.

Денешното модерно и брзо време во кое живееме често знае да не оддалечи од пријателите, па дури и на вакви празници не можеме да се собереме за да испиеме по некое пиво. Заради тоа, Гинис обезбеди специјално дресирано овчарско куче кое треба да ги оддалечи пријателите од сите други места каде што планирале да го поминат денот и да ги собере сите заедно на вистинското место, во пабот.

Рекламата е дело на лондонската агенција „Abbott Mead Vickers BBDO“.

Објавено на 13.03.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар