Кригла Пиво

Guinness подморница

Guinness подморница

Архитектонското биро Jump Studios од Лондон го комплетираше внатрешниот дизајн на Guinness подморницата каде ќе биде сместен првиот подводен пивски бар. Подморницата веќе се наоѓа во длабочините на Балтичкото море во Стокхолмскиот архипелаг. Идејата била да се отслика пораката на Гинис „Alive Inside“ и да се долови едно поинакво чувство кога се движите низ морските длабочини.

Дизајнот беше после „Guinness Sea Experience“ натпреварувањето како дел од прославата на 250 години откако Артур Гинис ја зел под закуп пиварницата „St. James’s Gate“ во Даблин.

Доколку ве интересираат повеќе информации за плановите и дизајнот посетете го следниов линк.

Guinness подморница

Објавено на 17.05.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар