Кригла Пиво

Guinness: Црн фустан

Guinness: Црн фустан

Црн фустан“ е новата реклама за американскиот пазар на темното Guinness Black Lager пиво со кое се обидува да им конкурира на домашните популарни брендови. Непотребно рекламата веднаш доби негативни коментари и беше наречена расистичка по што беше исфрлена фразата „Once you go black, you’ll never go back.“ од финалната верзија која ќе се емитува на ТВ станиците.

Рекламата е дело на креативната агенција BBDO, а во главните улоги се појавуваат актерот Jack Huston и прекрасниот модел од Њујорк, Stephanie Garcia која заработила 2.000 долари за своето појавување во оваа реклама. Музиката е од песната „Black Sheep“ на Gin Wigmore од Нов Зеланд.

Последните информации се дека и НБА примила приговор за рекламата и таа е блокирана во Кина и Тајван. Погледнете ја рекламата за да заклучите дека нема ништо скандалозно во неа.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар