Кригла Пиво

Grolsch: Плати со пиво и гледај филмови онлајн

Ние во Македонија сме си научени филмовите што се на Интернет да си ги гледаме бесплатно, па можеби оваа кампања нема да ни биде интересна. Но во другите земји каде што мора да си платиш за секој филм, сигурно ќе им користи најновата технологија на холандскиот бренд Grolsch со која со секое пиво добиваат бесплатно гледање на еден филм онлајн.

Grolsch: Плати со пиво и гледај филмови онлајн

Како што може да погледнете од видеото подолу, „Movie Unlocker“ функционира на тој начин што на секое капаче на Grolsch пивата има специјална Bluetooth светлина со уникатен код. Откако ќе го изберете филмот што сакате да го гледате, само го доближувате пивото до уредот на кој што треба да има исто така Bluetooth. Изгледа многу едноставно, нели? 🙂

Повеќе информации на: movieunlocker.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар