Кригла Пиво

Градба во Лас Вегас направена од 500.000 пивски шишиња

Morrow Royal Pavilion“ е градбата во Лас Вегас направена од 500.000 пивски шишиња и претставува најголемата градба направена од рециклирани шишиња. Шишињата се искршени, смешани со „летечки пепел“ и од нив се формира материјал (цигла) кој што е наречен „GreenStone“ кој потоа се користи за градење на објектот. Идејата и реализацијата е на Scott McCombs, основач и сопственик на компанијата Realm of Design, а целата градба вреди 1.4 милиони долари.

Градбата е моделирана според „Swarkestone Hall Pavilion“ во Англија кој што е познат по фотосесијата на Rolling Stones за нивниот албум „Hot Rocks“. Сите шишиња се собрани од хотелите во близина на познатиот Las Vegas Strip и кога би се распоредиле би зафатиле површина од 8 фудбалски игралишта. Кога ќе се погледне градбата од надвор тешко кој би забележал дека е направена од рециклиран материјал. Моментално се користи за производствените потреби на компанијата, а во тек е и Фејсбук кампања за да ги донесат Rolling Stones во посета на градбата.

Фотографијата е преземена од: Realm of Design

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар