Кригла Пиво

Горан Бреговиќ и Inna на Пивофест 2013

Горан Бреговиќ

Горан Бреговиќ заедно со неговиот Оркестар за свадби и погреби ќе го затворат годинешното издание на Пивофест во Прилеп на 21-ви јули. Бреговиќ е познат како основач и лидер на еден од најпознатите рекенрол состави во поранешна Југославија, Бијело Дугме и како композитор на музика за филмовите на Емир Костурица. Има напишано песни и за популарните изведувачи Iggy Pop и Cesária Évora. На своите концерти се појавува со својот Оркестар за свадби и погреби кој се состои од поголем број на музичари кои свират и пеат заедно со него.

Inna

На Пивофест 2013 ќе настапи и една MTV ѕвезда, Inna. Романската електро поп пејачка го издаде својот трет албум, насловен „Party Never Ends“ во март оваа година. Добитничка е на голем број награди меѓу кои и две награди на „MTV Europe Music Awards“. Има огромен број на продадени албуми и синглови во Велика Британија, САД и останатите европски земји како и милионски прегледи на видеата на YouTube каналот. Сексипилната пејачка, која е исто така и текстописец и фото модел позната е по одличните танцувачки перформанси на своите настапи во живо. Во продолжение и неколку нејзини песни.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

  1. Andjelina July 6, 2013 во 3:59 pm

    Najubav Pivop fest ce imame vo Prilep !!!

Додади нов коментар