Кригла Пиво

Goiß коктел

Кригла Пиво November 19, 2012 Кригла Храна 1 Comment on Goiß коктел

Онака понеделнички сакаме да започнеме со еден вкусен рецепт за коктел од наша пријателка, читателка и верен консуматор на пивото, Марина Лазаровска. Марина моментално е во Германија и од таму ни испраќа еден невообичаен рецепт за комбинација на пиво, кока кола и ликер. Еве го нејзиниот коктел:

Goiß коктел

Goiß  (гојс = јаре на баварски) е чудна, но одлична комбинација на  пиво, безалкохолен пијалок и шот од шери или коњак. Во Германија се продава во шишиња и младите го обожаваат. Во Македонија не може да се најде, но може да се спреми во домашни услови. За една кригла од 500мл. ви треба:

  • 200мл темно пиво
  • 200мл кока кола
  • една мала чашка ликер од вишни или коњак.

Измешајте ги по истиот редослед во голема кригла и уживајте!

Фотографија: whatadrink.blogspot.com 

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар