Кригла Пиво

#ГледајФилм: Drinking Buddies

Гледај Филм: Drinking Buddies

Лук и Кејт се најдобри пријатели, но и колеги во малата craft пиварница „Revolution Brewing“ во Чикаго каде освен што работат, одлично се дружат во паузите и малку повеќе флертуваат. Скоро да се совршени еден за друг освен што и двајцата се во љубовни врски. Лук веќе размислува за брак со својата девојка со која што излегува 6 години, додека Кејт сепак не сака премногу сериозна врска со својот дечко, музичкиот продуцент Крис. Двете двојки одлучуваат и да се дружат еден викенд заедно, но како ќе си поминат погледнете сами за да не ви откриваме спојлери.

Филмов е далеку од ремек дело и искрено не го препорачуваме доколку не сте љубител на пиво на кого му се гледа некој лесен филм за опуштање со кригла-две 🙂

Трејлер:

Режија: Joe Swanberg
Сценарио: Joe Swanberg
Главни улоги: Olivia Wilde, Jake Johnson, Anna Kendrick
Времетраење : 1:30:22

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар