Кригла Пиво

Германски кафе колач

Затоа што крајот не светот не дојде, ви споделуваме одличен рецепт за германски колач кој се консумира со кафе, а кој содржи и пиво. Одличен лесен појадок со вашето викенд кафе.

Германски кафе колач со пиво

Потребни состојки:

  • 1 чаша путер (чаша = 240мл.)
  • 2 чаши кафеав шеќер
  • 2 јајца
  • 3 чаши брашно
  • 2 мали лажици сода бикарбона
  • 1 мала лажица цимет
  • 1 мала лажица мускатно оревче
  • 2 чаши пиво
  • 2 чаши суво грозје
  • 1 чаша сецкани ореви

Начин на подготовка:

Во поголем сад го ставате путерот и шеќерот и мешате со миксер. Откако путерот ќе стане пенаст, ги додавате јајцата и убаво промешувате.

Во посебен сад ги мешате сувите состојки: брашното, содата, циметот и мускатното оревче. Ги ставате во смесата со путер и јајца и го додавате пивото. На крај откако состојките ќе се соединат, ги додавате грозјето и оревите и промешувате со лажица.

Намрсете го тавчето или наша препорака е да користите калап за куглоф колач, доколку имате. Колачот го печете на температура од 170 степени Целзиусови околу 1 час. За да проверите дали колачот е добро испечен на средината, користете дрвена чепкала за заби. Доколку боцнете на средина и кога ќе ја извадите чепкалката на неа нема остатоци од тесто, тогаш колачот е готов.

Откако колачот ќе се испече, извадете го и оставете го да се олади десетина минути пред да го превртите од калапот и сервирате на чинија.

Препорака за навистина вкусен намаз, кој одговара со германскиот колач е следново: измешајте пола чаша путер со 2 големи лажици рум. Мешајте ги додека путерот не стане пенаст.

На крај послужете го колачот изладен, со добра шолја кафе и предлог намазот со рум. Имајте пријатен викенд!

Рецепт: www.cooks.com, фотографија intlrecipesyndicate.blogspot.com

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар