Кригла Пиво

Пиво инспирирано од „Game Of Thrones“

Пиво инспирирано од „Game Of Thrones“

После пивските логоа инспирирани од популарната филмска серија „Game Of Thrones“, New York Times пишува за пивото кое се подготвува во чест на серијата, а се очекува да биде промовирано следнава пролет. Производството на пиво ќе и биде доделено на пиварницата од Белгија, Brewery Ommegang кои треба да создадат пива базирани на темите и карактерите од серијата која е адаптирана според новелите на George R. R. Martin.

Првото пиво, Iron Throne Blonde Ale, се очекува да биде промовирано на крајот од март заедно со почетокот на третата сезона од „Game Of Thrones“ која е закажана за 31 март, 2013 година. Освен Iron Throne Blonde Ale се планираат уште најмалку 3 други пива. Ние знаеме дека има голем број на обожаватели оваа серија и во Македонија што сигурно би сакале да го пробаат ова пиво. За жал барем на почетокот ќе се продава само во САД.

Надополнување, 19.12.2012: Објавен е дизајнот на шишето и етикетата за првото пиво, Iron Throne Blonde Ale:

Iron Throne Blonde Ale

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

Додади нов коментар