Кригла Пиво

Галерија од последната вечер на Пивофест 2012

Роденденска торта - 10 години Пивофест

Дојдовме до крајот. Последната вечер на годинешниот Пивофест беше одбележана со огномет и роденденска торта за јубилејот, 10 години постоење на фестивалот. Во однос на програмата се случи една промена во изведувачите, на местото на Наум Петрески настапи групата Биоритам. После нив следуваа главните ѕвезди на вечерта, Петар Грашо и Лепа Брена, а измеѓу нив проследивме и една модна ревија. Забавата до раните утрински часови продолжи на камената бина и на некои од штандовите кои сами си организираа музика во живо.

Се надеваме дека сте задоволни од сите фото репортажи што ги направивме овие 4 денови. На Пивофест се гледаме наредната година, а дотогаш очекувајте следење на останатите пиво настани низ Македонија.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар