Кригла Пиво

Фудбалскиот клуб Хајдук со свое пиво – Хајдучко

Еден од брендовите на Далмација и особено на јужниот дел од Хрватска, фудбалскиот клуб Хајдук од Сплит ќе добие свое пиво.

Хајдучко пиво

Хајдучко пиво, кое ќе се продава единствено во Далмација е производ на спонзорскиот договор кој започна минатата година помеѓу Хајдук и Carlsberg Хрватска. На заедничката прес-конференција одговорните лица од двете страни ја најавија акцијата „Kuna za Hajduka“ со која на навивачите им се овозможува директно да учествуваат во финансирање на својот омилен клуб. Од секое литро купено Хајдучко пиво се одделува 1 куна (нешто повеќе од 8 денари) која оди во специјалниот фонд со кој ќе располага фудбалскиот клуб Хајдук.

Акцијата ќе трае само за време на фудбалските полусезони, а собраните пари ќе бидат употребени за развој на играчкиот кадар. Хајдучко пиво се очекува да биде препознатливо по убавиот вкус, впечатливата арома и специфичната златна боја. Се одликува по тоа што во себе го содржи вкусот што се преферира во Далмација, а производителот Carlsberg Хрватска се обидел во него да ги вгради традиционалните далматински вредности како храброста, духот, заедништвото и љубовта спрема овај крај. Засега се продава само во стаклено шише од 0,5л. чија препорачана цена е 5,49 куни. Според информациите наскоро се очекува да се појави во продажба и во пакување од 1л.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар