Кригла Пиво

Fruhlingsfest 2012 – Пролетен фестивал во Минхен

Фотографија од http://www.hippodrom-fruehlingsfest.de/en/

Munchner Fruhlingsfest 2012, пролетниот фестивал во Минхен или познат како малиот Октоберфест се одржува секоја година како прослава за завршувањето на зимата. Претставува добра увертира и припрема за големата фешта што започнува на крајот од Септември како и можност за голем број млади да се запознаат меѓу себе и да се забавуваат. Фестивалот оваа година се одржува од 20-ти април до 6-ти мај на просторот познат како Theresienwiese каде што се одржува и самиот Октоберфест.

Fruhlingsfest 2012 – Пролетен фестивал во Минхен

Фотографија од www.partygaenger.de

Ваквите пролетни фестивали зачинети со многу пиво, традиционална храна, сувенири и забавни паркови се вообичаени во Германија и се одржуваат во повеќе мали и поголеми градови како Берлин, Штутгард и Келн, но и во соседните Австрија и Швајцарија. Се разбира дека пролетниот фестивал во Минхен е најпознат и најпосетен поради поврзаноста и сличноста со Октоберфест. Парадите, големите шатори, играњето, огнометите се составен дел од него со што многу потсеќа на големиот пивски фестивал.

Fruhlingsfest 2012 – Пролетен фестивал во Минхен

Фотографија од www.oktoberfest-live.de/

Fruhlingsfest кој што го нарекуваат „Kleine Schwester des Oktoberfestes“, што во превод значи малата сестра на Октоберфест важи и за манифестација каде младите од Баварија, но и сите туристи што немаат партнер можат да се запознаваат и да флертуваат меѓу себе.

Како најпознат шатор за вакви средби е Hippodrom каде има најмногу млади лица и странци желни за добра забава, а меѓусебното запознавање таму викаат дека е „лесно ко два и два“ што би рекла Ноне.

Ова би требало да биде инспирација и за нашите фестивали на пивото да започнат да размислуваат малку поразлично и да организираат вакви слични манифестации како припрема и дополнување на главните настани. Октоберфест не е само фестивалот кој што трае 16 денови туку е многу повеќе од тоа.

Повеќе фотографии од годинешниот почеток на пролетниот фестивал во Минхен можете да погледнете на следниов линк.

Објавено на 24.04.2012

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар