Кригла Пиво

Филети риба со пиво

Препорачаната доза на јадење риба е 2-3 пати неделно, поради богатите нутритивни вредности, содржајноста на омега 3, витамини Б и Д, протеини, калциум и железо. За жал кај нас рибата се помалку се наоѓа на домашната трпеза, некогаш поради потешкотијата во спремањето, лошиот мирис после јадењето и најголемата мака на сите нас – чистењето на коските. Бидете без гајле, овој рецепт е за филети риба без коски.

Филети риба со пиво

Потребни состојки:

  • ½ килограм филети риба
  • 330 мл. пиво
  • 2 чаши сенаменско брашно
  • 1 поголемо јајце
  • 1 мала лажица сол
  • ½ мала лажица бибер

Начин на подготовка:

Во голем сад ги ставаме пивото, брашното, јајцето и солта полека мешајќи дури да се соедини во еднолична смеса. Смесата ја ставаме во фрижидер да отстои од 20 минути до 3 часа.

Откако смесата ќе отстои, ја вадиме од фрижидер, а филетите риба ги бришеме од вишокот вода доколку била одмрзната. Ги зачинувате филетите од двете страни со сол и бибер.

Во тава ставаме масло за пржење и загреваме на повисока температура. Филетите ги потопуваме во смесата, ги вадиме, протресувајќи од вишокот смеса и ги ставаме во тавата за пржење.

Еден совет при пржење на рибата за да не ви се залепи, затоа што на почетокот температурата е појака, пред да ја спуштите во тавчето ја држите неколку секунди на врвот на зејтинот и потоа ја спуштате целосно. Подоцна температурата ја намалувате и често ги превртувате филетите, за да не ви загорат, а внатре да останат живи.

Парчињата риба, ставете ги на хартија за да се впие вишокот на масло. На крај сервирајте со парче лимон или добро познатата мешавина на лук, оцет, магдонос и масло. Нормално, со рибата напијте се чаша добро пиво. Добар апетит!

Рецепт: seriouseats.com, фотографија: crumblycookie.net 

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар