Кригла Пиво

Фестивал на пивото во Чешка 2016

Фестивал на пивото во Чешка 2016

Чешкиот фестивал на пивото оваа година ќе се одржува од 12-ти до 28-ми мај на површина од 4000 m2 на „Letenska plan“ во главниот град Прага. Влезницата за сите 17 денови е 100 CZK (круни) односно 3.7 евра. Oва е најпознатиот и најголемиот пиво фестивал во Чешка кој традиционално се одржува секоја година во земјата каде се пие најмногу пиво во просек по жител.

Фестивалот е можност голем број на помали пиварници да ги претстават своите производи и да покажат колку различни типови на пиво произведуваат. Се очекува учество да земат повеќе од 40 пиварници со над 70 брендови на пиво, а секако нема да изостане ниту големиот избор на храна.

За посетителите обезбеден е и бесплатен WI-FI интернет како би можеле сите што сакаат да седат повеќе денови во Прага и да си работат преку ден додека уживаат во различните врсти на пиво 🙂

Официјална веб страна: Ceskypivnifestival.cz

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

Додади нов коментар