Кригла Пиво

Фестивал на пивото во Торонто 2012

Синоќа заврши традиционалниот 18-ти по ред фестивал на пивото во Торонто, Канада кој траеше претходниве 3 денови. Како најзначајна новост беше исфрлањето на пластичните чаши од употреба и добивање на стаклена кригла за пиво која што може да се користи во фестивалската зона. Еднодневната влезница заедно со брендираната кригла, џебен водич и 5 токени чинела 38.50 долари. Токен е пивската валута со која се плаќа во фестивалската зона при што 1 токен е точно 1 долар.

Верувале или не, на пивскиот фестивал во Торонто оваа година имало повеќе од 150 различни вкусови на пива кои можеле да ги пробаат посетителите. Сепак и покрај големиот избор на пива и музичката програма, цената на влезницата за наши, но и европски услови е превисока.

Во продолжени и галерија со најинтересните фотографии:

Фотограф: Adrian Fiebig. Фотографиите се преземени од официјалната фејсбук страна и објавени со претходна согласност на организаторите.

Ви се допаѓа овој напис? Споделете го!

Автор

Кригла Пиво има за цел да ги обедини љубителите на пиво на едно место во виртуелниот веб простор. Пивото ни е главна инспирација и водилка во уредувањето на сајтов, но тука наоѓаме простор и за музика, спорт, е-маркетинг, блогови и се што мислиме дека е интересно за нашите посетители.

1 коментар

  1. Kikiyo July 30, 2012 во 10:57 pm

    аферим ашколсун
    … според ова шо го гледам, можи слободно да им се пофалиме на канаЈЏаниве со „Фестивал на пивото – Прилеп“

Додади нов коментар